Брера на гости во Мозамбик: „Воспоставуваме соработка со Брера Тучамен“

Генералниот директор на Брера Струмица, Ване Стојанов заедно со првиот помошник на шефот на стручниот штаб Душан Дошљак се во посета на ФК Брера Тучамен од Мозабик кој исто така е во сопственост на Брера Холдинг.  Целта на посетата е воспоставување и зацврстување на соработката  меѓу двата клуба на едно високо ниво, како и разгледување на можноста за трансфер на играчи и промоција на млади таленти.

Според програмата претставници на Брера Струмица заедно со своите домаќини треба да присуствуваат на два натпревари на Брера Тучамен, но и на неколку нивни тренинзи. Паралелено генералниот директор Ване Стојанов ќе има повеќе средби и состаноци со претставници на братскиот клуб на која ќе се разгледуваат правците на соработка во иднина.

„Целта на нашата посета е можноста да се направи еден вид на соработка помеѓу клубовите со цел да ги оправдеме нашите заеднички цели и задачи во фудбалската заедница на Брера Холдинг. Имаме намера заедно да работиме во иднина . Да  ги промовираме нашите врски преку помагање,  развој и промовирање на млади таленти, можни трансфери во иднина  но и градење на цврсти односи  помеѓу двата клуба на секое поле“, вели генералниот директор Ване Стојанов

Брера Струмица од минатата година е дел од семејството на Брера Холдинг и за една сезона ги постави темелите на еден сериозен клуб со добра организираност,  кој наредните сезони ќе се стреми на високи дострели.