• Горан Упале

Македонскиот второлигаш Пелистер ја заврши серијата победи во подготовките за новата сезона, откако загуби во првиот прволигашкиот испит. На гостувањето кај Брера во Струмица, „зелено-белите“ забележаа минимален пораз од 2-1.
Рибаудо во 62. минута донесе водство за домашниот тим, по што следуваше реакција на пелистерци и гол на Здравевски за 1-1. Сепак, во 94. минута Ване Крстевски погоди за конечни 2-1 за Брера.
Денес се одиграа уште неколку контролни натпревари ширум терените во Македонија. Тетекс со 2-4 славеше против Саса, а головите за тетовскиот тим ги постигнаа Салиу, Јакимовски, Елмази и Софијаноски.
Во прволигашкото дерби екипите на Македонија ЃП и Брегалница одиграа без победник, со по еден постигнат гол во двете мрежи (1-1).