• Иван Димовски
Брера Струмица ангажира уште едно квалитетно засилување за оваа сезона, откако го ангажира дефанзивецот Коста Манев.
Стоперот кој и во минатото беше дел од тимот на Академија Пандев, сега пак ќе настапува во Струмица. Минатата сезона тој настапуваше за Македонија Ѓорче Петров, но не успеа да помогне за опстанокот.
Во својата кариера Манев има и интернационални предизвици, бидејќи играше за неколку фински клубови, Вележ Мостар и Ал-Калдија, а во ПМФЛ настапуваше уште за Вардар.
Брера Струмица по репрезентативната пауза ќе започне нова етапа под тренерска палка на Горазд Михајлов.