• Иван Димовски

Брера Струмица покажува манири на голем фудбалски клуб и в петок ќе го отвори својот прв фан-шоп во центарот на градот.
Продавницата ќе се наоѓа на самиот градски плоштад во Струмица, а во неа ќе се продаваат дресови, јакни, маици, шалови и сувенири со логото и брендот на Брера. Со официјален настан на кој ќе присуствува и претседателот Горан Пандев ќе се отвори фан-шопот на струмичкиот клуб в петок во 18:00 часот. Освен Пандев, на настанот ќе присуствуваат и тренерот и фудбалерите на Брера.
Принципот на продажба на дресови преку фан-шоп не е баш развиен во Македонија. Другите клубови немаат официјални продавници, а само мал дел имаат продажба на дресови и облека со клупски обележја онлајн и преку социјалните мрежи.
