• Саше Љолес
Македонскиот прволигаш Брера Струмица ги започна подготовките за пролетниот дел од сезоната со многу промени во својот кадар. Нов тренер на екипата ќе биде Тони Атанасов, а нему ќе му помага Панче Стојанов. Дарко Коцев ќе биде задолжен за кондициската форма на играчите, додека со голманите ќе работи Ѓорги Шопов.
Атанасов и Стојанов се добропознати имиња во Струмица, тие претходно оставија голем печат како фудбалери, но и како работници во младинските погони на Академија Пандев и Брера Струмица.
Струмичани ги започнуваат подготовките в сабота и ќе тренираат секојдневно, а стручниот штаб ќе работи за техничко-тактичките замисли. Планирани се и неколку контролни натпревари, а истовремено ќе се бараат и играчи кои би го засилиле тимот во зимскиот преоден рок.
Целта е јасна, да се обезбеди опстанок во лигата, но мисијата ќе биде тешка со оглед на финасиската ситуација во клубот и заминувањето на повеќе првотимци. Брера Струмица го заврши првиот дел од сезоната на осмата позиција на табелата.
Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.