• Зоран Мишевски
Во клупскиот фан-шоп во центарот на Струмица беа претставени дресовите на прволигашот Брера за сезоната 2024/25. Струмичани пак ќе бидат облечени во зелено-црно како прва опција, а вториот дрес е бел со шарени мотиви.
Иако нема големи промени од ланскиот дрес фановите се задоволни и го купуваат новиот дресо на младиот клуб од источниот дел на земјата.
Брера Струмица вчера потпиша договори со Антовски и Тодоровски.
Новата сезона струмичани ќе ја започнат на 11 август во 17:00 часот против Вардар на „Благој Истатов“.