Брера двапати водеше, но ремизира со Металул Бузау

Фудбалерите на Брера Струмица одиграа реми против Металул Бузау (2-2), во рамките на подготвителниот период и престојот во Банско, Бугарија. Струмичани предводени од Бојан Круљ двапати водеа, меѓутоа на крајот мораа да се задоволат со реми. 

Резултатот на средбата во Банско го отвори Урош Стамениќ со погодок во 25. минута за 1-0, резултат кој беше активен на полувремето. На стартот на продолжението Романците израмнија на 1-1, а потоа деби гол за Брера даде Антонио Каланоски во 58. минута.

Само три подоцна Металул успеа да израмни и беше поставен конечниот резултат (2-2). 

Брера досега ја победи екипата на Хапоел Ерусалим, а запиша порази од Раднички и Беса.