Брера доведе Колумбиец како замена за Лео Антонио во средниот ред

Струмичка Брера не престанува со засилувања во летниот преоден рок. Во тимот во кој доминираат Балканци и Африканци, сега пристигна Колумбиец. 

25-годишниот колумбиски интернационалец Јорк Бецера е ново засилување на струмичкиот тим. Станува збор за дефанзивен играч за врска кој минатата година настапуваше за колумбискиот Реал Картагена. Бецера треба да биде замена за Лео Антонио, кој пред неколку недели Брера ја замини со Спартак Суботица.

Екипата на Бојан Круљ претходно се засили со Наков Фуентес, Каланоски, Давков, Антовски, Тодоровски, Лазиќ, Ристовски...

Брера Струмица ја започна сезоната во ПМФЛ со сигурна победа над скопски Вардар (3-1). 

Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.