• Горан Упале

Кристијан Ериксен во јануари потпиша договор до крајот на сезоната со тимот на Брентфорд, но многу веројатно од следната сезона ќе го видиме во друг дрес.
Репрезентативецот на Данска минатото лето доживеа срцев удар на Европското првенство, по што му беше поставен дефибрилатор, а договорот со Интер му беше раскинат, бидејќи Серија А не му дозволуваше да игра со тој уред.
Поради тоа половина година беше без клуб, а потоа потпиша за Брентфорд. Англискиот клуб му понудил договор до крајот на сезоната со можност за продолжување, но сега за него се заинтересирани три клубови, пренесува добро информираниот италијански новинар Фабрицио Романо.
Тој додаде дека Ериксен прво ќе разговара со раководството на Брентфорд со цел заедно да донесат конечна одлука. Засега не се споменува за кои клубови станува збор.