Брентфорд против Свонси ќе брка финале и меч за враќање во елитата

Од екипа која што играше најатрактивен фудбал во Чемпионшип по прекинот на шампионатот Брентфорд дојде до ситуација да го загрози плеј-офот за Премиер лигата. Иако никогаш не ни учествувал во англиската елита, ниту пак на почетокот на сезоната имаше такви амбиции, начинот на кој играше во текот на шампионатот укажуваше на голема шанса. Можеби заслужи директен пласман, но по двата порази во низа во последните две кола мораше да се задоволи само со бараж.

Погледнете ги сите квоти за мечот >>> 

Во полуфиналето (два натпревари) го чека тимот на Свонси, кој во последното коло благодарение на подобрата гол разлика (еден погодок повеќе од Нотингем Форест) се искачи на шестата позиција и сега има шанса за враќање во елитата. По ваквиот расплет во финишот на сезоната,  „лебедите“, кои првиот натпревар го играат на свој терен, ќе ја имаат психолошката предност. Ако се изземе поразот од шампионот Лидс, тимот од Велс не запишал неуспех на последните десет натпревари, а завршницата од сезоната ја одигра фантастично, освои седум бода од можните девет и кога никој не очекуваше успеа да стигне до местата кои водат во плеј-офот. Тимот на Стив Купер во улога на домаќин игра претежно неефикасни натпревари, па така на последните пет дуели на  „Либерти“, дури четири завршија во опсег од 0-1 голови.

Погледнете ги сите квоти за натпреварите од плеј-офот во Чемпионшип >>> 

На тоа поле Брентфорд сјае. Од 28 јануари до крајот на сезоната постигнуваше по најмалку еден гол на секој натпревар, освен во поразот од Стоук (100). Пред тој дуел на „Британија“, Брентфорд забележа три врзани победи на гостински терен, во своите редови го има вториот стрелец во лигата, Оли Воткинс (25 гола), а и покрај лошиот финиш во овој двомеч ја има улогата на благ фаворит. Се очекува „тежок“ натпревар, бидејќи влоговите сега се далеку повисоки отколку кога се игра за бодови.