ВИДЕО: Брентфорд немоќен, победата на Сити во сенка на повредата на Родри! 

Екипата на Брентфорд не успеа да со шокира уште еден гигант од Манчестер. Откако во претходното коло во Лондон падна Јунајтед, денес на истото место „вредните пчели“ беа поразени од Манчестер Сити со минимални 0-1 (0-1), во последниот натпревар од седмото коло од Премиер лигата.

  • Извештај од натпреварот:

Со денешните три бода „граѓаните“ направија скок од четири места на премиерлигашката табелата и сега се на петтата позиција со само три бода помалку од лидерот Арсенал. Брентфорд, пак, го забележа четвртиот пораз и остана на седум бода, доволни за шеснаесеттото место. 

Клучниот момент на натпреварот се случи во деветтата минута, кога гол-серијата ја продолжи Ерлинг Халанд. Хрватскиот бек Јошко Гвардиол запиша уште една асистенција, а Халанд излезе како победник во борбата со противничката одбрана и со рутинска завршница го постигна единствениот погодок на натпреварот. Сепак, Пеп Гвардиола и „граѓаните“ нема да ја слават победата како вообичаено, затоа што во мислите им е ситуацијата со еден од најдобрите фудбалери на тимот Родри. Шпанскиот ас беше стартер, но поради повреда беше заменет во 22. минута.

Во следното коло Манчестер Сити на свој терен ќе го пречека тимот на Евертон, додека Брентфорд го игра малото лондонско дерби со Вест Хем.