• Горан Упале
Фудбалерите на Брентфорд пропуштија голема шанса да им се вратат на победите во Премиер лигата, откако против Евертон одиграа 2-2, во возбудлив натпревар одигран во Лондон.
- Извештај од натпреварот:
На тој начин „вредните пчели“ го запишаа четвртото реми во низа во англиската елита, а со оглед на настаните на теренот може да жалат што денеска не ги освоија сите три бода, кои и тоа како им беа потребни во трката за излез во Европа следната сезона.
Евертон до бодот стигна во самата завршница кога Кирнан Дузбери-Хол ја стресе домашната мрежа во првата минута од судиското надополнување. Претходно, за Евертон стрелаше Бето (1-1), додека головите за Брентфорд ги постигна Игор Тијаго, кој сега има вкупно 21 гол во Премиер лигата и со тоа стана првиот Бразилец во историјата со над 20 гола во англиската елита.
Попладнево се одигра уште еден натпревар во Премиер лигата, на кој Брајтон со головите на Вифер славеше со 0-2 над Барнли.






