Брендан Роџерс го одбил Њукасл, сака да го наследи Гвардиола во Сити!?

Роџерс

Брендан Роџерс е името кое сериозно се поврзува со тренерската позиција на Њукасл Јунајтед.

Премиерлигашот, кој неодамна доби богати газди од Саудиска Арабија, најави големи промени. Ремонтот ќе започне од тренерската клупа, од каде се очекува да си замине Стив Брус. Предводникот на Лестер Сити наводно бил исконтактиран од „страчките“.

Но, неговиот одговор бил негативен. Се шпекулира дека 48-годишникот се надева дека ќе го наследи Пеп Гвардиола на клупата на Манчестер Сити за 18 месеци.

По неуспешната авантура во Селтик, Роџерс застана на кормилото на „лисиците“ во 2019 година. Засега ги оправдува очекувањата и важи за еден од најдобрите тренери во англискиот шампионат.

Во двете години во Лестер, тој обезбеди два пласмани меѓу најдобрите пет во Премиер лигата, како и едно финале во Лига Купот, каде загуби од Челзи.