Брегалница врати уште едно штипско дете во тимот

Андреј Велков е уште едно во низата штипски деца кој ја засилија Брегалница оваа сезона. Штипската колонија е побогата за еден одличен, модерен фул лев бек кој одлично се снаоѓа и во дефанзивните задачи и во офанзивната прогресија.

Велков има 20 години, а во кариерата освен за Брегалница, настапуваше и за струмичка Брера и Тиквеш од Кавадарци. Ги помина сите младински селекции на Македонија до 19 години.

Минатата недела Велков имаше одлични настапи и за репрезентацијата на Македонија до 20 години на Медитеранските Игри во Таранто, Италија.

Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.