Брегалница тргна во подготовки со тројца нови фудбалери

Штипскиот тим Брегалница означи старт на подготовките за новата сезона во Втората македонска фудбалска лига (ВМФЛ) - Исток, со три нови имиња во своите редови.

Некогашниот прволигаш се засили со Иве Трифуновски од Пелистер, Борче Ужевски и Влатко Коцев од Скопје. Тројцата доаѓаат како слободни, а од нив се очекува да го подигнат квалитетот на тимот во борбата за враќање во фудбалската елита.

Од Брегалница најавија дека во тимот ќе пристигнат уште неколку нови фудбалери и дека пазарот нема да се затвори со овие три имиња. Брегалница првата контролка ќе ја има на 15 јули, со Академија Пандев.