Брегалница со победа над Бачка се одјави од Златибор

Брегалница со победа ги заврши подготовките на Златибор, откако триумфира против српскиот прволигаш Бачка Паланка со 2-1 на четвртиот тест дуел.

Одличниот почеток на натпреварот на „сините“ со погодок го круниса Мартин Стојанов уште во 13. минута. Во продолжението израмнета игра, со континуирана контрола на играта во средниот ред на составот на Марјан Секуловски кој ја дуплира предноста во 72. минута со голот на кадетскиот репрезентативец Љупче Кудев.

Противниците успеаја да намалат на 2-1 во 76. минута, што на крајот се покажа и како конечен резултат.

Штипјани предводени од тренерот Марјан Секуловски се подготвуваат за настап во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ), каде се вратија како најдобри во ВМФЛ-Исток.