Брегалница славеше над Пелистер во меч со шест гола во второто полувреме

Фудбалерите на Пелистер претрпеа пораз од прволигашот Брегалница со 2-4 во пријателскиот натпревар одигран во Могила.

Првото полувреме мина без погодоци, па на паузата мрежите мируваа, додека резултатот беше отворен на стартот од вториот дел кога Николов погоди за прва гостинска радост. Пелистер експресно одговори, откако пет минути подоцна Ивановски стрелаше за 1-1 и го врати својот тим во игра.

Сепак, штипјани во продолжението го презедоа контролата и повторно ја затресоа мрежата преку Велковски во 65. минута. Домаќинот одново израмни преку Грозданоски, но Брегалница во финишот постигна уште два гола, а стрелци на головите беа Ѓорѓиев во 87. минута и.Николов во 90. минута.