Брегалница се засили со младинскиот репрезентативец Ацковски

Кристијан Ацковски пролетниот дел од фудбалската сезона ќе го минe во редовите на Брегалница, откако младинскиот репрезентативец на Македонија денес беше претставен како второ засилување за штипјани во јануарскиот преоден рок. 

Ацковски изминативе две сезони беше стандарден член на првиот тим на Работнички. Во есенската полусезона одигра 17 натпревари за Работнички, но по завршувањето на договорот со „романтичарите“, и покрај бројните понуди за продолжување на кариерата во странство, се одлучи да ја прифати онаа на Брегалница која без сомнение со него значително ја зголемува конкуренцијата во средниот ред.

Кристијан Ацковски е стандарден член и на младата репрезентација на Македонија за фудбалери до 21 година. Претходно во својата кариера има настапи и за велешки Борец, како позајмен фудбалер од Работнички. Брегалница се засили и со 21-годишниот Дарко Додев од Силекс.