Брегалница сè поблиску до ПМФЛ, Скопје го доби дербито со Охрид, Шкендија славеше во меч со ДЕСЕТ гола (ВИДЕО)

Фудбалерите на Брегалница направија уште еден важен чекор до враќање во Првата македонска фудбалска лига, откако денешното дерби на гости кај Беласица славеа со минимални 0-1 и со тоа ја сочуваа лидерската позиција во ВМФЛ, на три кола до крајот на шампионатот. 

На стадионот „Благој Истатов“ одлучувачкиот момент се случи во самиот финиш. Во 80 минута гостите од Штип добија најстрога казна, но Капсаров не го реализира ударот од 11 метри. Сепак, на одбиената топка налета Михолов и ја погоди мрежата на домаќините за огромна радост на штипските „сини“ и победа од 0-1.

Во главниот град екипата на Скопје му зададе голем удар на директниот конкурент за втората позиција, Охрид совладувајќи го со минимални 1-0. Победничкиот гол скопјани го постигнаа во првото полувреме, односно во десеттата минута. 

Последниот конкурент за бараж, екипата на Шкендија Арачиново денеска демонстрира моќ против совладувајќи го со убедливи 8-2. На полувреме беше 6-1 додека во вториот дел арачиновци уште двапати ја затресоа гостинската мрежа и ја извојуваа најубедливата победа оваа сезона. По два гола постигнаа Христијан Димов и Владимир Жоглев, еднаш стрелаа за победникот Ален Јашаровски, Дестан Адили, Зани Назифи и Суејб Рушити.

Во Кочани екипата на Осогово неочекувано беше поразена од Кожув со 0-1 и на тој начин ја прекина позитивната серија без пораз која што траеше седум кола. 

Новаци, по домашното реми со Детонит експресно им се врати на победите и на гости кај Слога во Виница славеше со сигурни 0-2. Детонит, пак, по споменатото реми во Новаци денеска одново одигра без победни, откако пред својата публика го подели пленот со Каменица Саса (0-0). 

Отпадната Победа запиша уште еден пораз во својот дом во Прилеп, а трите бода од стадионот „Гоце Делчев“ заминаа за Тетово, откако Тетекс славеше со убедливи 0-3. 

На три кола до крајот на сезоната Брегалница останува лидер со 64 бода, Скопје и Шкендија ја делат втората позиција со по 62 бода, додека Охрид падна на четвртото место со 59 бода.