Брегалница подобра од Пелистер, пораз на Силекс, реми на Беса и Оцелул

Екипата на Брегалница одигра контролен натпревар против Пелистер кој успеа да го добие со 3-1 во рамки на подготовките во Охрид.

Штипјани постигнаа еден гол во првото полувреме преку Ѓорѓиев, а потоа победата ја потврдија Димитриевски и Андонов. Посебно убав беше голот на Димитриј Димитриевски во сигурната победа. За Пелистер на Бабунски, кој играше со комбиниран состав, единствен стрелец беше капитенот Христијан Драгарски.

На останатите контролни натпревари на македонските екипи во пладневниот термин, екипата на Силекс се судри со полски Режов и доживеа пораз (1-2), додека второлигашот Беса играше со романски Оцелул и мечот заврши без голови.

Триумф забележа и Слога Виница против младинскиот тим на Академија Пандев (3-0), со два гола на Давид Манџуковски и еден на Петар Петроски.