ФОТО: Брегалница од Штип го пушти во употреба клупскиот хотел

Пред почетокот на новата сезона, согласно и утврдените планови за инфраструктурен раст на клубот, второлигашот Брегалница и официјално го пушти во употреба сместувачкиот комплекс во рамките на „Градскиот стадион“ во Штип.

Супер-модерно опремени 16 апартмани ќе бидат на располагање на фудбалерите на Брегалница. Во рамките на комплексот е и сала за одмор, како и просторија за заеднички состаноци.

Сето тоа во функција за значително подобрување на условите за работа во клубот и реализација на зацртаните планови и амбиции. Брегалница е најсериозен кандидат од ВМФЛ-Исток за промоција во елитата.