Брегалница му даде „петка“ на Питу Гули и продолжи да ја гони Беласица

Екипата на Брегалница од Штип забележа сигурна победа во Втората лига - Исток (ВМФЛ) и како домаќин беше доминантна со Питу Гули (5-0).

Штипјани важеа за апсолутни фаворити против тимот од Крушево и на теренот ја оправдаа таа улога. Двојни стрелци на оваа средба беа Пепи Горгиев и Ристе Наумов, кои стрелаа во 27. и 59., односно 73. и 89. минута, а претходно од пенал резултатот го отвори Иван Настевски.

Брегалница зад своето име сега има 27 бода и е во добра серија од четири победи во низа. Питу Гули, пак, останува закован на дното и го чека тешка битка за опстанок во второлигашката конкуренција.

Лидер во ВМФЛ - Исток е Беласица со 28 бода, па следат Брегалница со 27, Кожуф со 26, Тиквеш и Кит-Го со по 24 бода...