• Саше Љолес

Како што пред неколку дена објави Gol.mk, Методи Максимов е и официјално нов играч на штипска Брегалница, каде се очекува да биде големо засилување за екипата.
Играчот што настапува како десен бек и крило се враќа во Македонија, откако во меѓувреме настапуваше за Ласк Линц и норвешкиот Алесунд. Потоа се повреди и настапуваше за вториот тим на Ласк, а сега повторно ќе го гледаме во Првата македонска фудбалска лига.
Максимов е најавен како бомбастично засилување за македонскиот прволигаш, кој сигурно ги зголемува апетитите со неговото доаѓање. Фудбалерот ги помина сите младински репрезентативни селекции до 17, 18, 19 и 21 година, а запиша и еден настап во сениорската репрезентација на Македонија против Саудиска Арабија.
Брегалница ја започна новата сезона во ПМФЛ со пораз од скопски Вардар (2-0), а во следното коло ќе се соочи со екипата на Арсими.
Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.




