• Горан Упале

Фудбалерите на Брегалница и Академија Пандев со мирољубиво реми ги стартуваа контролните натпревари во рамки од подготовките за пролетниот дел од сезоната во Првата македонска фудбалска лига.
Во Штип македонските прволигаши одиграа типичен пријателски натпревар. Стратезите на двете екипи шанси им дадоа на сите фудбалери од ростерите, со цел да ја согледат нивната подготвеност во овој дел од подготовките и да ги воочат слабостите и предностите.
По оваа средба, Академија Пандев заминува на 11-дневни подготовки во Анталија, Турција. Таму договори веќе четири контролни средби со Марица Пловдив (Бугарија), Актобе (Казахстан), Зорја (Украина) и Кизилхар (Казахстан).
Брегалница пак за пет дена ќе се сретне со Тиквеш, по што патува за Охрид, каде ќе ја одработи главната фаза од подготовките.