Брегалница „грми“ по Стојчевски: Не досуди чист пенал, на кого му сметаме!? (ВИДЕО)

Фудбалскиот клуб Брегалница од Штип објави соопштение по натпреварот против Сруга Трим Љум во кое искажа револт кон главниот судија Игор Стојчевски.

Од таборот на штипјани велат дека главниот судија на натпреварот од 2. коло во ПМФЛ меѓу Брегалница и Струга ТЛ од Скопје не досудил очигледен пенал за Брегалница во 56. минута по акцијата на Борха Кордоба и играта со рака на гостинскиот дефанзивец.

„Сините“ се револтирани и тврдат дека ова е одлука која очигледно влијаела на целокупниот тек на натпреварот и крајниот резултат во Штип. Воедно, од Брегалница потенцираат дека ова не е прв пат Стојчевски да го оштети тимот.

Воедно, од Брегалница запрашаа - на кого тимот му смета!?