Брегалница го засили тимот со Амир Фејзулаи

Брегалница Штип промовира засилување за новата сезона во која ќе се натпреварува во ВМФЛ. 

„Сините“ го промовираа Амир Фејзулаи, кој доаѓа од редовите на Победа. Се работи за 21-годишен млад фудбалер кој настапува на десната страна, може да игра како бек и крило, па ќе покрие повеќе позиции на теренот. 

Во својата кариера Фејзулаи освен за Победа има настапи и за битолски Пелистер, како и Детонит Плачковица. 

Брегалница одлично отвори во ВМФЛ, со три победи во исто толку натпревари и е еден од главните кандидати за кам-бек во елитата.