• Горан Упале

Брегалница продолжува со екипирањето на тимот за новата сезона во Првата македонска фудбалска лига, а денес штипскиот клуб официјално потврди потпис на договори со тројца фудбалери.
Во синиот дрес останува левиот бек Анџело Николовски, кој по одличните настапи во минатата сезона повторно ја доби довербата од клубот. Експлозивниот дефанзивец беше еден од најзаслужните за враќањето на Брегалница во македонската елита.
„По левата страна повторно ќе командува Анџело“, порачаа од штипскиот клуб по потпишувањето на новиот договор.
Ново име во ростерот е голманот Мартин Миленковски, кој се враќа во својот матичен клуб по успешната сезона мината во Каменица. Во Штип одново ќе игра и искусниот дефанзивец Дарко Стојанов. Станува збор за миленик на домашната публика и фудбалер кој повторно ќе го облече дресот на матичниот клуб.




