• Мартин Танасковски

Екипата на Брегалница Штип договори ново име за продолжението на сезоната и потпиша договор со десниот бек кој добро се снаоѓа и офанзивно, Методи Максимов.
23-годишниот кочанчанец се враќа во македонскиот фудбал за првпат по 2024 година. Додека беше во странство, играше за првиот и вториот тим на ЛАСК од Австрија, а исто така беше дел и од норвешки Алесунд.
Во македонскиот фудбал, Максимов како младинец беше дел од Брегалница, а настапуваше уште и за екипите на Шкендија и Работнички. Максимов е добро засилување за „сините“ и продолжението од сезоната.
Брегалница ја отвори сезоната со пораз од екипата на Вардар во првото коло.
Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.



