Брегалница ги потврди високите амбиции, го доведе Муарем Муарем

Екипата на Брегалница уште еднаш докажа дека има сериозни амбиции за враќање во елитата, па го промовира Муарем Муарем како ново име во тимот. 

32-годишникот со настапи и за репрезентацијата на Македонија потпипа договор на една ипол година, со можност за продолжување на уште две години, што е уште еден доказ дека штипјани планираат иднина во ПМФЛ. 

„Ангажиравме фудбалер од репрезентативен калибар, согласно добро познатите амбиции на клубот. Ако е добро познато дека Брегалница е исклучително млада екипа, ни беше неопходен искусен фудбалер како можност и за напредок на младите фудбалери. Искуство, стабилност и лидерство се носи во екипата со ангажманот на Муарем, нешто кое ни недостасуваше изминатиов период“, истакна спортскиот директор Никола Тонев.

Муарем е познат на македонската јавност по бројните настапи во нашите првенства. Тој играше за Скопје, Работнички, Тетекс и Шкупи, а има и интернационални искуства во Ордуспор, Ескишехир, Карабах, Актобе и Фљамуртари.

Покрај тоа, Муарем има и седум настапи за сениорската селекција на Македонија, каде настапуваше и во младинските селекции. Во него, Брегалница добива нов лидер и играч кој може да направи сериозна разлика на теренот. 

Прочитајте повеќе околу тековните трансфери во Македонија и светот на ОВОЈ линк.