• Мартин Танасковски
Нов играч на второлигашот Брегалница за продолжението од сезоната е Димитриј Попоски, објавија од клубот.
опоски доаѓа од Охрид Лихнидос, а претходно настапуваше за Силекс, Тетекс, Работнички, Борец и младинците на Вардар. Димитриј ќе биде засилување за конкуренцијата на левата страна од теренот, ги покрива позициите на бек и крило, повеќе ја користи левата нога.
Инаку, Димитриј е брат на Столе Попоски, кој веќе е член на штипскиот колектив. Брегалница важи за еден од фаворитите за директен влез во ПМФЛ.
Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.