• Саше Љолес

Прволигашите Брера, Работнички и Брегалница со лесни гостински победи без примен гол се пласираа во осминафиналето на Купот на Македонија.
Тетекс и Работнички одиграа здодевни 85 минути, но на крајот сепак скопскиот тим успеа да го „сруши“ домаќинот и славеше победа со 0-3. Дебармаалци доцна во второто полувреме го „срушија“ домаќинот. Стрелец на првиот гол беше Мазари во 86. минута, а за 0-2 реализираше Гандо, само четири минути подоцна. Конечните 0-3 ги постави Георг Стојановски во 92. минута од натпреварот.
Работнички долго ја бараше целта, но на крајот со сигурна победа успеа да се пласира во осминафиналето, иако на скопскиот тим му беше потребно долго време за да го надигра второлигашот од Тетово.
- Тетекс - Работнички 0-3:
Екипата на Брегалница извојува огромна победа над Новаци и славеше со убедливи 0-8. Гостите од Штип уште во првото полувреме покажаа дека немаат намера да се шегуваат и со четири гола ја најавија сигурната победа. До паузата стрелци за Брегалница беа Вебстер со 2 гола, Степаненко и Калпачки, за водство од 0-4.
Во вториот дел Брегалница само дополнително стави печат на триумфот. За 0-5 најпрво стрелаше Даријан Тасев, а во листата на стрелците се запиша и Глигоров, кој постигна уште два гола. Последниот погодок пристигна пред последниот судиски свиреж, кога погоди Калпачки за убедлива и огромна победа од 0-8 за штипјани и сигурен пласман во осминафиналето.
Брера Струмица ја оправда фаворитската улога и славеше со сигурни 0-2 на гостувањето во Гевгелија кај Кожуф, во рамките на шеснаесетфиналето од Купот на Македонија. Двата гола пристигнаа уште на стартот од второто полувреме и во периодот меѓу 48. и 51. минута. Најнапред погоди Илија Донов, а потоа и Александар Ристевски.
Тимовите кои лани играа во полуфиналето од Купот на Македонија, освојувачот на трофејот Македонија Ѓорче Петров, финалистот Струига Трим Љум, Шкендија и Силекс имаат директно место во осминафиналето.