Бредли: Шкупи е квалитетен, сметам дека би бил во топ четири во Ирска

Шамрок Роверс си ја исполни целта. Со втора победа во меѓусебните пресметки со Шкупи, овој пат во Скопје (1-2), си обезбеди место во плеј-офот во Лигата на Европа каде ќе брка групна фаза вторпат во својата историја, по настапот во сезоната 2011/12.

Тренерот Стивен Бредли не го криеше задоволството од постигнатиот успех за својот тим. Ова е второ учество во плеј-оф за Шамрок во последната деценија, претходно играше за групите во Конференциската лига во ланската сезона, но се испадна од Флора Талин.

„Почувствуваме дека не играме добро, не користевме шанси. Со шансите кои Шкупи ги имаше во Ирска можеше да победи. Вечерва знаевме дека мора да сме подобри, така направивме и ги ограничивме. Поради тоа, успеавме во намерите и заслужено победивме.

Мора да се фокусираме, да одиме од меч во меч. Во лигата имаме уште 12 натпревари и да се избориме за добар пласман. Европа е друга приказна, сега следна седмица имаме шанса да се пласираме во Лигата на Европа. Имаме важни натпревари и во првенството, па фокусот ќе биде поделен. Во Даблин тргнавме добро, дадовме гол и се опуштивме, а тоа ривалот можеше да го казни. Денес имавме подобра хемија во тимот, се функционираше и ги притиснавме. Можеби можевме и поубедливо да победиме, денес покажавме респект и тоа беше плус за нас.

Стандардот не е ист, тимовите се слични, па сметам дека Шкупи би завршил во топ четири во Ирска. Знаевме дека мора да го затвориме нивнот напаѓач Адетунџи, планот беше да го отсечеме и да го затвориме во шеснаесетникот“, изјави Бредли.

Ирскиот шампион за групите во Лигата на Европа ќе игра со азербејџанскиот шампион Карабах кој со гостинска победа успеа да го елиминира унгарски Ференцварош.