Брдаровски позираше со дресот на косовска Дрита

Поранешниот десен бек на Вардар, Владица Брдаровски својата кариера ќе ја продолжи во косовската прва лига, каде ќе го засили шампионот Дрита.

Иако за неговите услуги имаше сериозен интерес од неколку клуба од Грција и Кипар, искусниот дефанзивец се одлучи да ја прифати понудата од Дрита. Со косовскиот клуб, битолчанецот потпиша едногодишен договор, со можност истиот да биде продолжен.

Трансферот на Брдаровски во Дрита доаѓа непосредно пред дуелот на косовскиот шампион против нашиот Силекс, во рамки од квалификациите за Лигата на Европа. 

Брдаровски пет години играше за Вардар, а претходно беше дел од унгарски Ѓер, чешки Брно, како и домашните Работнички и Пелистер.

Прочитајте повеќе околу тековните трансфери во Македонија и светот на ОВОЈ линк.