• Мартин Танасковски

Искусниот македонски бек Владица Брдаровски е слободен и бара нова средина откако се раздели со Шкупи.
33-годишниот десен бек беше дел од таборот на чаирчани, а пристигна кога тренер беше Гоце Седлоски. Со клубот ја освои титулата македонски шампион и играше во еврокуповите.
Сепак, двете страни не ја продолжија соработката и Брдаровски, кој за репрезентацијата на Македонија има осум настапи, ќе бара нов клуб.
Покрај за Шкупи, битолчанецот играше и за Вардар, Пелистер и Работнички во Македонија, како и чешки Брно, унгарски Ѓер и косовска Дрита.