„Бразилското чудо“ од Лига 1: Има 42 години, а игра како момче

Искусниот бразилски играч Виторио Хилтон долги години е незаменлив член на екипата на Монпелје. Капитенот оваа сезона во француската Лига 1 одигра 2.511 минути, од можни 2520 што доволоно зборува за капитенот на клубот. 

Бразил обично е синоним за напаѓачи и офанзивци кои се прославени низ годините наназад, преку Роналдињо, Кака, Нејмар, Ривалдо, Ромарио, Ронало. Од таму излегоа и дел офанзивни бекови како Кафу, Марсело, Роберто Карлос, но бројот на стопери не е на така завидно ниво. 

Сепак, никој од нив не бил долговечен како прославениот капитен на Монпеље. Кариерата ја започна во бразилскиот Чапекоенсе, па преку Парана и Сервете стигна до Франција. Прво беше позајмен во Бастија, а потоа прејде во Ленс. По четири успешни сезони замина за Марсеј, каде се задржа до 2011 година, кога направи трансфер во сегашниот клуб. 

Сега, и покрај тоа што има 42 години Хилтон е незаменлив во својата екипа, за што говори фактот за одиграните минути. За девет години на „Стејд де ла Мосон“ тој запиша 280 настапи, а дури десет пати се запиша меѓу стрелците.