• Саше Љолес
Бразилецот Тиаго од редовите на Клуб Бриж е официјално избран за најдобар млад играч во Лига Европа за минатата сезона. Изборот организиран од УЕФА го истакна токму него како победник во жестоката конкуренција, a до признанието стигна со учинок од седум гола во второто по ранг натпреварување.
Тиаго сезонава додаде уште седумнаесет голови во белгиското првенство и најави дека пред него е навистина светла иднина, а наградата од УЕФА сигурно ќе значи за неговиот развој и интересот од големите клубови.
Минатата сезона пристигна во Белгија од бугарскиот Лудогорец и се покажа како полн погодок за гигантот кој за него плати скоро осум милиони евра (рекорд во бугарскиот фудбал).
За него веќе се пристигнати неколку примамливи понуди, но се претпоставува дека Бриж сака да го задржи кај себе најмалку уште една или две сезони. Игор Тиаго ја започна кариерата во екипата на Крузеиро.