Бразилски репрезентативец е замената за Соланке во Борнмут

Бразилскиот напаѓач и член на „кариоките“, Еванилсон, ќе биде замената за Доминик Соланке во екипата на Борнмут, јавуваат англиските медиуми. 

Премиерлигашот веднаш најде замена за Соланке, кој замина за рекорден трансфер во Тотенхем, а Еванилсон пристигнува од Порто, каде настапуваше четири години и постигна 41 гол во сите конкуренции. 

Португалскиот гигант добива сума од 47 милиони евра и 10% од следната продажба на бразилскиот репрезентативец. Новата сезона во Премиер лигата започнува на седумнаесетти август. 

Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.