Бразилски легенди: Марта и Формига испишаа историја во Токио

Бразил

Бразил го започна патот до златниот медал на Летните Олимписки Игри во Токио со убедлива победа против Кина.

Стрелец на два гола беше легендарната Марта. Со 35 години, една од најдобрите бразилски фудбалерки на сите времиња стана единствена која постигнала погодок на пет олимписки турнири во низа.

Нејзината сонародничка Формига, пак, испиша историја и е првата фудбалерка која настапила на седум Олимписки игри.

Бразилките се на листата најсериозни кандидати за златото на турнирот во Јапонија ова лето.