Бразилската легенда Филипе Луис е нов тренер на француски гигант!

Поранешниот бразилски репрезентативец, Филипе Луис, ќе биде нов тренер на фрацнсукиот гигант, Монако. Медиумите објавија дека клубот од кнежевството постигнал договор со 40-годишниот стратег, кој треба да потпише соработка до 2028 година.

За поранешниот фудбалер на Атлетико Мадрид и Челзи ова ќе биде прв тренерски ангажман во Европа. Тој остави силен впечаток во Бразил со Фламенго, каде освои неколку трофеи, меѓу кои Копа Либертадорес и шампионската титула во Бразил.

Интерес за Филипе Луис покажал и Баер Леверкузен, но Бразилецот решил кариерата да ја продолжи во францускиот шампионат.

Монако следната сезона ќе настапува во Конференциската лига, а раководството верува дека Фелипе Луис може да донесе нова енергија и враќање на клубот во врвот на францускиот и европскиот фудбал.