• Иван Димовски
Еден од најубавите голови во викенд рундата доаѓа од соседна Албанија. Во рамките на тамошната Суперлига, Партизани и Егнатија одиграа нерешени 1-1.
Домаќините водеа, ама тогаш на сцена стапи Фернандо Мадеирос. Бразилскиот фудбалер го даде голот на кариерата. Тој доби топка на околу 30 метри, ја прими и еднаш ја допре за да ја задржи во воздух, а потоа упати волеј во спротивниот агол, со многу ефе кој „бегаше“ од голманот.
Овој погодок веднаш потсети на најдобрите денови на Роберто Карлос. Ударите со многу ефе и од чудни позиции се „аманет“ на бразилскиот поранешен бек, а со голот на неговиот сонародник со сигурност ќе се гордее и Карлос.