• Иван Димовски
Рускиот репрезентативец кој има потекло од Бразил, Марио Фернандез е нов фудбалер на првакот Зенит.
Со тоа, Фернандез направи предавство, бидејќи од редовите на ЦСКА Москва се сели во редовите на лутиот ривал. Навивачите и јавноста во Русија се изненадија за потегот на фудбалерот, пред сè бидејќи мина десет години во таборот на ЦСКА.
Фернандез си замина од Русија минатото лето, одигра полусезона во бразилски Интернационал, меѓутоа бргу се врати. Кариерата ја продолжува во редовите на рускиот првак, со кој парафира договор на една година, плус уште една опциона со плата од 2.5 милиони евра.. ЦСКА и Фернандес се разделија по взаемен договор, поради ситуацијата со војната и новите регулативи на ФИФА и УЕФА за лесно раскинување на договорите.
Инаку, Фернандез беше дел од репрезентацијата на Русија на Мундијалот во 2018 година, на кој беа и домаќини.
Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.