Бразилецот од Тиквеш го овековечи Купот: Го истетовира трофејот и македонското знаме!

Фудбалерот на Тиквеш од Кавадарци, Робертињо Менезес Бандеира Нето направи голем потег со кој ќе ја памети Македонија засекогаш. 

28-годишникот го освои трофејот во Купот на Македонија, одигра 83 минути во финалето против Воска Спорт и потоа го прослави со соиграчите, навивачите и семејството. Сепак, покрај тоа Робертињо се реши за еден чекор кој не сите го прават. 

Бразилецот од Тиквеш посвети тетоважа на освоениот трофеј. Робертињо го истетовира Куп-трофејот, а во позадина го стави и македонското знаме!