• Саше Љолес
По речиси два месеци пауза, Бразилецот Нејмар повторно се врати на фудбалските терени. Ѕвездата на Сантос влезе во 68-та минута на натпреварот против Форталеза, што за него е прв настап од 14 септември.
Договорот на Нејмар истекува на крајот од сезоната, но уште не е познато дали ќе остане во Сантос, или ќе ја промени средината. Бразилецот има две опции - првата е да го продолжи договорот со сегашниот клуб, а исто така постои можност и да замине во Соединетите Американски Држави.
Во тој случај, новиот клуб би можел да биде Интер Мајами, каде што би бил соиграч со Лионел Меси, со кого настапуваше во Барселона и ПСЖ.
Нејмар има голема желба да биде на списокот на селекторот на Бразил, Карло Анчелоти, за претстојното Светско првенство, кое ќе се одигра во текот на следното лето.






