• Саше Љолес
Бразилецот Маркињос со години е дел од првиот тим на ПСЖ, а со настапот на мечот против Клермон, играчот стигна до бројката од 435 натпревари одиграни во дресот на „светците“, со што го израмни рекордот на Жан-Марк Пилорже.
Капитенот на ПСЖ е дел од клубот веќе единаесет години и спонтано се наметнуваше како една од главните алки, а во последните години почетниот состав е незамислив без него и тој е еден од милениците на навивачите во Париз.
Интересно е што Маркињос во моментов го дели и второто место по настапи во Лига 1, каде има ист број заедно со легендарниот Сафет Сушиќ (287 натпревари). Во домашниот шампионат неприкосновен е гореспоменатиот Пилорже, кој има 371 настап во периодот помеѓу 1975 и 1989 година.