Бразилецот Куевен во средниот ред на Шкупи

Екипата на Шкупи продолжи да биде активна на пазарот и донесе уште едно ново странско име во своите редови.

Есенскиот шампион потпиша со Куевен од Бразил. 23-годишниот играч настапува во средниот ред, а доаѓа од тимот на Монте Азул и за него доаѓа втората европска авантура во професионалната кариера.

Претходно на стариот континент Куевен настапуваше и за Керкира од Грција, додека во Бразил има повеќе екипи зад себе.

За лидерот во ПМФЛ, Куевен е второто странско засилување во овој преоден рок по Ганецот Патрик Менсах.

Прочитајте повеќе околу тековните трансфери во Македонија и светот на ОВОЈ линк