Бразилецот Јуфо е повреден и нема да биде дел од мечот со Пјуник

Виктор Јуфо

И покрај тоа што беше пријавен за настап во првото коло од квалификациите за Лига Европа, Виктор Нилдо Јуфо, бразилскиот интернационалец во Вардар, нема да биде дел од тимот кој ќе му се спротистави на екипата на Пјуник.

Новото засилување на варарци се повреди на подготовките во Словенија, па не отпатува за Ереван. Неговото отсуство од последните неколку тренинзи беа доволни за Бобан Бабунски да го отстрани од ростерот кој ќе атакува на позитивен резултат во првиот европски предизвик ова лето.

Тренерот на „црвено-црните“ располага со 22 фудбалери од кои ќе го составува тимот кој утре ќе се надигрува со ерменскиот претставник.

Првиот меч се игра утре на стадионот „Вазген Саргсјан“ со почеток од 16.00 часот.