Бразилецот Фред го напушти Фенербахче и се врати во матичниот клуб

Бразилскиот фудбалер Фред ја напушти Турција и се врати во татковината, откако потпиша договор со Атлетико Минеиро до крајот на 2029 година, соопшти бразилскиот клуб.

33-годишниот Фред во Фенербахче пристигна во 2023 година, а по три сезони во турскиот клуб реши да направи нов трансфер и да се врати во средината во која ги направи првите фудбалски чекори.

Имено, Фред бил дел од младинската школа на Атлетико Минеиро од 2003 до 2009 година, пред кариерата да го однесе во Интернасионал, Шахтјор и Манчестер Јунајтед. Токму во дресот на англискиот гигант стекна голема европска репутација, од каде во 2023 година се пресели во Фенербахче.

Во репрезентацијата на Бразил, Фред настапуваше од 2014 до 2022 година и запиша 32 натпревари. Атлетико во моментов се наоѓа на 11. место во бразилската Серија А, а ангажманот на Фред треба да му помогне на клубот да направи подобар резултат во продолжението од сезоната.

Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.