• Иван Димовски
Фудбалерите на Палмеирас славеа во петтото коло од Копа Либертадорес против Индепендиенте дел Вале од Еквадор со 2-1, меѓутоа овој меч зеде свој данок.
Повреда поради која беше заменет претрпе големиот талент Ендрик. 17-годишниот Бразилец без дуел се повреди и мораше на носилки да го напушти теренот. Овој момент се случи по еден час игра и загрижи многумина.
this was the moment endrick injured himself in, it doesn’t seem too serious luckily. pic.twitter.com/kKLlfTG6OS
— RMFC (@TeamRMFC) May 16, 2024
Веројатно станува збор за повреда на препоните и поради тоа Ендрик би можел да отсуствува од две седмици до еден месец. Бразилците се загрижени бидејќи тој требаше да биде дел од тимот кој ќе настапи на Копа Америка од 20 јуни, додека ситуацијата будно ја следи и Реал Мадрид.
„Кралевите“ го откупија Ендрик во 2022 година за нешто помалку од 50 милиони евра, а тој се очекува да се приклучи на мадриѓани по настапот на Копа Америка.