• Роналдињо: Пензија? - Не, благодарам, се враќам на терените во втората половина од годината

    Легендарниот Роналдињо изјави дека не планира да стави крај на својата богата кариера. Еден од најдобрите и најзабавните фудбалери на сите времиња, од септември минатата година е без ангажман, кога после два месеци престој во Флуминензе спогодбено го раскина договорот.

  • 17-годишен Бразилец во стилот на Златан постигна ретко виден гол со пета

    Бразилската фудбалска лига отсекогаш знае да нè почести со некој спектакуларен гол, но голот што го постигна 17-годишниот фудбалер на Гремио, Линколн е погодок на кој сигурно завидуваат и најголемите мајстори на фудбалската игра.

  • Две третини од бразилските фудбалери играат за минималец

    Дури 82% од професионалните фудбалери во најфудбалската земја во светот, Бразил добиваат месечна плата од само 250 долари. 

  • Секси Бразилки го претставија дресот на Атлетико Минеиро

    Кога бразилски клуб ги претставува своите дресови, тогаш неминовно е присуството на прекрасни девојки. Бразилскиот великан Атлетико Минеиро одлучи тоа да го направи со стил, а црно-белиот дрес го претставија згодни девојки во секси издание. Одржана е комплетна модна ревија, во која освен прекрасните девојки, на пистата продефилираа и првотимци на клубот, меѓу кои беше и Робињо.

  • На Робињо му здодеа Кина, па се врати дома во Бразил

    По една и пол година минати во Кина, бразилскиот напаѓач Робињо се враќа во Бразил, каде потпиша договор со Атлетико Минеиро. Овој клуб го победи Сантос и го обезбеди бившиот фудбалер на Реал Мадрид, Милан, Манчестер Сити и Гуангжу Евергранде во следните две сезони.

  • Заборавете на Ева Карнеиро! Сите зборуваат за докторката на Боависта

    Ева Карнеиро е минато. Титулата за најсекси докторка премина во рацете на Росана Торалес, кој е дел од нисколигашот во Бразил, Боависта. 

  • Калери на отстапка во Сао Паоло, па од јуни во Интер

    Аргентинскиот интернационалец, Џонатан Калери, ќе настапува за бразилскиот Сао Паоло во следните шест месеци, а на лето би требало да дојде во Интер. Фудбалерот кој го сочинуваше нападот на Бока Јунуиорс заедно со Карлитос Тевез, се одлучи да го прифати предизвикот и да настапува во Бразил.

  • Пато изненади, па наместо во Европа, се сели во Кина

    И покрај големите шпекулации дека Александре Пато својата кариера ќе ја продолжи во Европа, каде се поврзуваше со трансфер во Ливерпул, Манчестер Јунајтед, па и Барселона, тој најверојатно кариерата ќе ја продолжи во Кина, во екипата Тајанџин Сингјанг. 

  • Фудбалска гол мајсторија на Жеуванио

    Бразилците уште еднаш покажаа дека се врвни мајстори на фудбалската игра. Прекрасниот гол го постигна играчот на Сантос, 23-годишниот Жеуванио. Тој е веќе новиот миленик на навивачите на Сантос, во клубот каде имаат настапувано фудбалските легенди како Пеле, Нејмар, Робињо и многу други.

  • Бразилецот Фред суспендиран заради допинг

    Фудбалската федерација на Јужна Америка го суспендира поради допинг играчот на Шахтјор и бразилски репрезентативец, Фредерико Родригез Сантос-Фред.

  • Спектакуларен крај за Рожерио Сени

    Легендарниот бразилски голман и член на Сао Паоло, Рожерио Сени, стави точка на неверојатната кариера, а како знак на благодарност, навивачите му приредија спектакуларно испраќање во пензија.

  • Славниот Васко де Гама повторно ќе игра во втора лига: Коринтијанс шампион на Бразил

    Фудбалерите на Васко да Гама на големо разочарување на своите фанови испаднаа од првата бразилска лига по само една година помината во неа. Славниот бразилски клуб во последниот натпревар одигра само 0-0 на гости кај Коритиба и со 41 освоен бод заврши на 18. место, кое води ранг подолу. Клубот од Рио испадна од лигата и во 2013 година, по што следеше експресно враќање веќе наредната сезона, но в година повторно ќе се натпреварува во второто по ранг бразилско натпреварување.

  • Голманот голгетер, Рожерио Сени ја заврши кариерата полна со рекорди

    Легендарниот бразилски голман, Рожерио Сени, стави крај на професионалната кариера. Мечот на Сао Паоло против Гојас требаше да биде последниот во кариерата на легендарниот голман, но тој не настапи поради повреда на скочниот зглоб. Рожерио Сени, дресот на Сао Паоло го носеше од 1992 година, а официјално е најдобриот голгетер меѓу голманите, со 131 постигнат гол на 1256 натпревар.

  • Зе Роберто и на 41 година „ги кине“ противничките мрежи

    Изминатата ноќ се одигрaa полуфиналните натпревари во фудбалскиот Куп на Бразил. Вечерта ја одбележа 41-годишниот ветеран Зе Роберто кој постигна гол од пенал кој самиот го изнуди, а со тоа постигна значаен гол во гости за својот Палмеирас кој загуби со 2-1 на гостувањето кај Флуминензе. Зе Роберто е поранешен играч на европските гиганти Реал Мадрид,Бајер Леверкузен и Баерн Минхен и сеуште не помислува за крај на својата богата кариера. Со Реал Мадрид ја освои европската Лига на шампиони во 1998 година, а со екипата на Баерн Минхен беше во тимот кој прослави четири бундес титули.

Pages