ВИДЕО: Бразил со ПЕТ ГОЛА ја испрати Боливија, но страдаше аркадата на Нејмар

Бразил под водство на новиот селектор Тите конечно игра достојно на своето име и реноме. Со победата над Боливија во Навал со 5-0 (4-0) „кариоките“ се доближија до пласман во Русија. 

Ѕвездата на „кариоките“ Нејмар постигна еден гол, но доби лакт и му пукна аркадата. Сепак петкратниот светски првак со супер офанзивен тим го наполни со голови боливискиот состав.

Кутињо, Филипе Луис, Габриел и Фирмино постигнаа по еден гол и покрај Нејмар го „зачинија“ прекрасното враќање во Навал на националниот тим. Под водство на Тите, Бразил ги доби сите три натпревари и ја врати надежта на бразилскиот љубител на фудбалот.